Во Грција во последната недела се пријавени 21 нов случај на западнонилска треска, додека вкупно од почетокот на годината има 42 случаи на инфекција со Западнонилскиот вирус, што предизвикува сериозни здравствени проблеми особено кај постарите лица.
Четири смртни случаи се регистрирани во Грција како резултат на Западнонилскиот вирус, објави Националната организација за јавно здравје на Грција (EODI), додавајќи дека станува збор за лица над 65 години.
Како што е наведено, од почетокот на годината, завршуваќи на 29 јули, регистрирани се 42 случаи на инфекција со Западнонилскиот вирус, од кои 37 случаи имале енцефалитис или менингитис, а пет имале благи манифестации.
Само во претходната недела, пријавени се 21 случај, како и уште еден поврзан со комплексна историја на патување, односно патување во ендемска земја во странство.
Хоспитализирани се 13 лица, од кои пет се на интензивна нега.
Западнонилскиот вирус (WNV) е заразна болест од групата зоонози, од вирусна етиологија, која се пренесува на луѓето и животните преку каснување од заразен комарец.
Предизвикувачкиот агенс е вирусот Западен Нил (WNV), кој првпат беше изолиран и идентификуван во 1937 година, во регионот Западен Нил во Уганда, по што се прошири од африканскиот континент на Блискиот Исток, делови од Азија и Австралија, Централна и Источна Европа и Медитеранот.
Луѓе, птици, комарци, коњи и други цицачи можат да бидат заразени со вирусот.







