Зад нас е уште едно коло во натпреварувањата на УЕФА со тоа што сега од македонските клубови единствено жива е Шкендија која продолжува да не претставува во Конференциската лига.
Шкендија го доби двомечот со словенечки Браво и оди на соочување со Хибернијан од Шкотска, додека пак Вардар славеше против Рига во нејзин терен (во 90 минути), меѓутоа падна во продолженијата и доживеа елиминација од европските купови.
Кога се во прашање досегашните настапи, нашите клубови во Европа забележаа пет победи и со тоа се на средина на „табелата“ со уште девет држави. Ова е податок со кој излезе „Football Meets Data“, но Силекс, Вардар и Шкендија севкупно донесоа шест победи.
Имено Силекс славеше над Динамо Минск (1-0), Вардар ги доби Купс и Рига на гостински терен (2-0, 2-1), додека „црвено-црните“ од Тетово на двапати беа подобри од Европа (5-0, 1-0) и од Браво (3-1).
Земји кои немаат славје во европските купови во натпреварувачката 2026/2027 се Украина и Црна Гора.







