Положани: Го неутрализиравме најсилното оружје на Браво, успесите на Шкендија се добри за македонскиот фудбал

Дерби

31/07/2026

12:26

145

Големина на фонт

а а а

Тимот на Шкендија покажа дека е подобра екипа од Браво и со триумф во решавншот од 3-1 успеа да обезбеди пласман во третото квалификациско коло на Конференциската лига.

„Црвено-црните“ заслужија многу подобар резултат и на првото соочување во Словенија, меѓутоа и тоа е една лекција која клубот од Тетово ја научи и на возвратниот меч во Скопје запиша триумф кој го носи на соочување со шкотски Хибернијан.

- Ова беше важен меч, фудбалерите се справија екстремно добро, честитки за нив, заслугата е нивна. Не беше лесно, имавме противник кој се бранеше со низок блок и чекаше транзиција. Мислам дека го елиминиравме тоа нивно силно оружје бидејќи немаа транзиции, сите заслуги одат кај фудбалерит, - истакна тренерот Артим Положани.

- Гордост и привилегија ми е да ја водам Шкендија во Европа. Особено поради успесите на овој тим во изминатите години, на таа доминација во Европските купови. Мислам дека успесите на Шкендија се позитивни генерално за Македонија, тоа што продолжуваме да се натпреваруваме е добро и за другите клубови, добро е генерално за фудбалот во Македонија. Поради резултатите кои ги имавме, во следната сезона од нашето првенство во Европа ќе имаш четири клубови, па дефинитивно е позитивно за локалниот фудбал, - додаде предводникот на Шкендија.