СДСМ: Евростат објави поразителни податоци, Македонија е со најнизок животен стандард во Европа, на самото дно

Макфакс

31/07/2026

11:10

211

Големина на фонт

а а а

Евростат објави податоци кои ја поставуваат Македонија на дното по животен стандард во Европа, а од СДСМ реагираат дека тоа е последица од неуспешните економски политики и нереалните ветувања на опозицијата.

Евростат објави поразителни податоци, Македонија е со најнизок животен стандард во Европа. На самото дно, велат од СДСМ.

Тоа, според нив, граѓаните го знаат многу добро.

„Најниски плати. Празни џебови. Празни фрижидери. Но што говори објавата на Евростат за Христијан Мицкоски? Говори многу. И потврдува пет факти: Неговите економски политики се целосен дебакл. Лаже. Бајките за „трета економија во Европа“ се чиста измислица по рецепт на Вучиќ – без никаква врска со реалноста. Нема исполнето ниту едно ветување. Граѓаните за две години живеат полошо“.

Вистината, оценуваат во оваа партија, не може да се сокрие.

„Бројките од Брисел се погласни од сите негови прес-конференции“.