Сандро Тонали ја промени клупската средина во овој преоден рок со тоа што изненади со изборот и од Њукасл премина во Тотенхем.
Италијанецот се поврзуваше со Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Арсенал…ама на крајот заврши во редовите на „петлите“ кои две сезони во низа имаат катастрофални резултати во Премиер лигата. Сепак ова лето Тотенхем работи „јако“ на пазарот, вложува доста пари, а меѓу оние за кои верува дека ќе направат разлика е токму Тонали кој објасни зошто се одлучи да направи трансфер во северен Лондон.
- Мојот прв впечаток беше навистина позитивен. Кога си среќен по 10-минутен говор, сè е, сè е совршено. Шефот е Италијанец, Роберто. Го познавав. Роберто навистина се грижи за својата работа, за својот фудбал. Тој рече: „Проектот ќе биде тежок, но ќе биде совршен за мене, за тебе, за градот, и можеме да имаме една од најдобрите сезони, бидејќи имаме големи играчи. Само треба да вложиме многу работа.
- Кога разговаравме со Тотенхем, решивме да потпишеме за овој тим. Тие разговараа со 100 проценти страст, 100 проценти сериозност. За овој град, за мојот живот надвор од фудбалот, за моето семејство, во ред, тоа е околу 10 проценти. Роберто и директорот направија разлика во договорот. По две минути разговарав со сопругата и моето семејство и реков: „Веројатно тоа ќе биде една од моите најдобри одлуки во кариерата“. Таа ми рече: „Ти имаш 100 проценти контрола врз оваа одлука“. Сакав да разговарам со неа затоа што тоа е нашиот живот, - вели Италијанецот кој открива дека прва желба му била да се врати во татковината.
- Решивме да се вратиме во Италија, но тоа беше невозможно за парите. Англија беше нашето решение и го најдовме најдоброто решение во Англија за мене, за мојата кариера, за мојот фудбал, за мојата среќа, за моето семејство. Разговарав со два тима. Разбрав по 10, 15 минути дека Тотенхем ќе биде мојот следен тим, - заврши големиот борец.











