Кавадарчанка проголтала поголема количина хероин за да ја сокрие од полицијата

Макфакс

30/07/2026

14:00

184

Големина на фонт

а а а

Кривична пријава е поднесена поради сомнение за неовластено производство и промет на наркотични дроги, откако кавадарчанка проголтала поголема количина хероин за да ја сокрие од полицијата.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.А.(25) и Р.Ј.(27) од Кочани и Н.А.(22) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 30.05.2026 на наплатната рампа кај Кадрифаково, пријавените забележале полициска патрола, при што третопријавената голтнала поголема количина хероин, а при испитување на Универзитетската клиника за токсикологија било потврдено дека во организмот има поголема количина хероин.