Сончево време со температура до 39 степени

Макфакс

30/07/2026

07:56

245

Големина на фонт

а а а

Оваа прогноза најавува сончево и топло време со високи температури кои во некои делови ќе достигнат и над 39 степени, со можност за дополнително зголемување на топлотата во наредните денови.

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени, информира УХМР.

Во Скопје, сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Под влијание на топол бран следува период на сончево и многу топло време. Особено топло ќе биде за време на викендот и во текот на следната работна седмица кога дневната температура наместа ќе надмине 40 степени.