Зинедин Зидан 32 години обожава само една жена: „Би скокнал од покрив на зграда само таа да ме сака“

Точка

29/07/2026

14:25

504

Големина на фонт

а а а

Франција доби нов селектор, а таа улога му припадна на славниот Зинедин Зидан, кој во следните четири години ќе се обиде да оствари забележителен успех на клупата на оваа репрезентација.

Познатиот фудбалер Зинедин Зидан (54) повторно се најде во центарот на светското внимание, но овојпат како селектор на Франција. Со неговото доаѓање на клупата на Французите, повторно во фокусот се најде и неговиот приватен живот, а познато е дека најголема поддршка му пружа сопругата Вероник, со која е уште од тинејџерските денови.


Зидан е во брак со Вероник Зидан од 1994 година, а заедно имаат четворица синови. Нивната љубовна приказна започнала кога и двајцата имале по 16 години.

Која е Вероник Зидан?

Вероник Зидан е родена во семејство на Шпанци, во Франција. Иако запишала студии по биологија, набргу ги напуштила за да стане танчерка, пренесува „The Sun“. Токму додека посетувала училиште за танц, го запознала Зидан. Тогаш и двајцата имале по 16 години.


Во едно интервју признала дека повеќепати се сретнувале пред навистина да проговорат еден со друг.

Живееле во сместување каде што девојките и момчињата биле строго одвоени, но по неколку месеци Зинедин во една прилика, додека се разминувале, ѝ рекол: „Здраво“. Оттогаш почнале да разговараат.


Се венчале пет години подоцна, во 1994 година, на церемонија одржана во Бордо.

Од тој момент, Вероник решила да се повлече и целосно да му се посвети на семејството, за Зидан непречено да ја гради својата кариера

.

Денес, двајцата важат за еден од најстабилните парови во светот на фудбалот, а колку славниот Зидан е вљубен во својата сопруга, говори и неговата изјава од почетокот на нивната врска – би скокнал од покрив на зграда само таа да го сака.