Фаталната манекенка Ирина Шајк (40) повторно е зафатена, а според пишувањата на странските медиуми, нејзиното срце го освоил значително помладиот спортист, НБА ѕвездата Девин Букер (29).
„На самиот почеток е, но многу си се допаѓаат еден на друг“, открил извор близок до парот и додал дека ги запознале заеднички пријатели пред неколку месеци, како и дека се трудат да поминат што повеќе време заедно во текот на летото, пред тој да започне со подготовките за новата сезона.

„Очекувајте да ја видите Ирина на некои од неговите натпревари“, додал изворот. „Навистина ѝ се допаѓа“.
Во неделата, профилот „Deuxmoi“ објавил фотографија на Букер снимен одзади како излегува од ресторанот „Tutto Caffé“ во Ист Хемптон, заедно со наводи од повеќе извори дека тој и Ирина биле видени заедно во Хемптонс.
Devin Booker was seen at Delilah’s Chase party alongside Irina Shayk.
— CantGuardBook (@CGBBURNER) July 27, 2026
The source claims Irina was frequently seen with Booker throughout the night and appeared to be “all over him.” However, the eyewitness also alleges that Booker was seen being affectionate with two other… pic.twitter.com/RtLirMtEMR
Инаку, и Ирина и Девин зад себе имаат врски со познати личности. Ирина од 2015 до 2019 година беше во врска со актерот Бредли Купер (51), со кого ја има деветгодишната ќерка Леа.

Во текот на 2021 година кратко ја поврзуваа со Канје Вест (49), а во 2023 година со Том Брејди (48). Ирина и поранешната НФЛ ѕвезда раскинале по помалку од четири месеци врска, а по тоа Ирина немала сериозна врска, иако ја поврзуваа со бројни славни мажи.
Што се однесува до Букер, тој подолг период беше во турбулентна врска со Кендал Џенер (30) од 2020 до 2022 година.

Во јануари повторно го привлекоа вниманието на јавноста поради флертувањето на социјалните мрежи, а Букер подоцна благо го „прозва“ нејзиниот друг поранешен партнер, Бед Бани, кога на прес-конференција го прашале дали го гледал настапот на пејачот за време на полувремето на Супербоул во 2026 година.
Букер одговорил дека не го гледал, а воедно го поправил новинарот кој го прашал тоа „во име на обожавателите од Порторико“ како се чувствува што е дел од големиот успех на Бед Бани, јасно нагласувајќи: „Јас сум Мексиканец“.

Инаку, Кендал Џенер сега е во врска со Џејкоб Елорди (29). Извор минатиот месец изјавил за „Page Six“ дека ѕвездата на реалното шоу „Keeping Up With the Kardashians“ е „лудо вљубена“ во актерот од серијата „Euphoria“ и дека се обидува да го заштити од медиумскиот хаос што го носи забавувањето со член на семејството Кардашијан.










