Зошто Том Круз веќе 13 години не сака да ја види својата ќерка? Нејзиното заминување од Скиентолошката црква е само дел од бизарните причини

Точка

28/07/2026

16:34

324

Големина на фонт

а а а

Сури Ноел, која 20 години ја знаевме како Сури Круз, официјално го промени своето презиме и повеќе ниту законски не е поврзана со својот татко, Том Круз. Како тој реагирал на тоа, не е познато, бидејќи своето единствено биолошко дете не го споменува, не го гледа и не контактира со него од 2013 година.

Низата медиумски пофалби за Том Круз често ја прекинува потсетувањето на неговиот речиси непостоечки однос со ќерката Сури. Така, откако беше една од главните ѕвезди на финалето на Светското првенство во фудбал, беше откриено дека единственото дете кое актерот го доби со Кејти Холмс одлучило повеќе да нема никаква врска со својот татко, ниту законски.


Во документите на полнолетната Сури сега стои името Сури Ноел, што, инаку, е средното име на нејзината мајка. Таа веќе извесно време се претставува без презимето Круз.

Во заднина стои сложена приказна поврзана со Скиентолошката црква

Познато е дека Том веќе со години нема никаков однос со својата единствена биолошка ќерка Сури, додека, наводно е близок со Конор и Изабела, децата што претходно ги посвоил со Никол Кидман, кои се активни членови на Скиентолошката црква.


Според достапните информации, актерот последен пат ја видел Сури кога таа имала само седум години. Бидејќи во април оваа година наполнила 20 години, тоа значи дека, според претпоставките, тие веќе 13 години немаат никаков контакт.

Наводно, тој ги исполнувал своите обврски во врска со плаќањето алиментација и слично, но не е познато дека ја посетува или ѝ се јавува на ќерката, ниту дека на кој било начин е дел од нејзиниот живот.


Необичното однесување на Том најчесто се поврзува со разликите во ставовите кон Скиентолошката црква што ги имаат тој, од една страна, и неговата поранешна сопруга Кејти Холмс и нивната ќерка, од друга страна.

Во американските медиуми претходно се пишуваше дека Изабела и Конор го прекинале или значително го намалиле контактот со нивната мајка Никол Кидман, откако таа ја напуштила Скиентолошката црква.


Напуштањето на скиентологијата не е единствената причина за прекинот на контактот меѓу таткото и ќерката?

По разводот на Том Круз и Кејти Холмс, актерката и нивната ќерка Сури ја напуштиле Скиентолоката црква, а кратко потоа Круз престанал да одржува комуникација со својата ќерка. Се смета дека тоа не е само затоа што Сури повеќе не е „верничка“, туку и поради концептот на „дисконекција“ во оваа религија.

Дисконекцијата означува целосен прекин на сите врски меѓу скиентолозите и луѓето кои се сметаат за непријателски настроени кон оваа религија. Тоа можат да бидат пријатели, колеги, но и членови на семејството.


Меѓу следбениците на скиентологијата оваа практика се опишува како отстранување на пречките на патот кон духовниот развој, а такви пречки, според нив, понекогаш можат да бидат и членови на семејството кои повеќе не сакаат да бидат скиентолози.

Сепак, Скиентолошката црква повеќепати негирала дека постои официјална политика за задолжително прекинување на односите, иако во 2012 година на својата официјална интернет-страница го призна постоењето на дисконекцијата и ја опиша како човеково право.

Црквата дури и пред суд се обиде да ја претстави дисконекцијата како верска практика заштитена со американскиот Устав, но тој аргумент не беше прифатен со образложение дека прекинот на односите под притисок на заедницата не може да се смета за целосно доброволен.

Кои се „супресивните личности“ според скиентологијата?

Скиентолошката црква луѓето кои се спротивставуваат на нејзините учења ги нарекува „супресивни личности“ или потенцијален извор на проблеми.

Според оваа доктрина, поврзаноста со такви луѓе може да го спречи духовниот напредок на верникот на таканаречениот „Мост до целосна слобода“.


Во книгата „Вовед во скиентолошката етика“, основачот на скиентологијата, Л. Рон Хабард, наведува дека скиентологот кој ќе остане поврзан со „супресивна личност“ и самиот може да стане извор на проблеми.

Тој, исто така, тврдел дека одбивањето да се прекине односот со таква личност претставува облик на спротивставување на скиентологијата. Поради тоа, се претпоставува дека за оваа организација Сури Ноел е „супресивна личност“ која стои на патот на духовниот развој на Том Круз и дека токму тоа е дел од причините поради кои тој нема никаков однос со неа.

Црквата тврди дека дисконекцијата е последна опција

Според официјалните ставови на Скиентолошката црква, прекинот на односите треба да биде крајна мерка и се применува само кога противниците на скиентологијата продолжуваат да ѝ се спротивставуваат на црквата дури и откако, како што тврдат нејзините следбеници, им биле претставени „вистинските информации“ за нивните учења.

Според ова толкување, проблем не се луѓето кои имаат поинакво мислење, туку оние за кои се смета дека ѝ се спротивставуваат на црквата врз основа на погрешни информации.


Откако Владата на Нов Зеланд формирала комисија која ја истражувала Скиентолошката црква, Л. Рон Хабард наводно напишал дека практиката на „дисконекција“ престанала да се применува и дека нема намера повторно да ја воведе.

Порано, прекинот на односите не подразбирал само прекин на комуникацијата, туку верниците морале јавно да ја објават својата одлука и да испратат кратки писма до лицата кои биле прогласени за „супресивни“, известувајќи ги дека се исклучени од нивниот живот.


Том Круз никогаш јавно не го објаснил односот со својата ќерка

Сепак, не е познато дали и ќерката на Том добила такво писмо од својот татко.

Иако неговото оддалечување од Сури често се поврзува со правилата и практиките на скиентологијата, самиот актер никогаш јавно не изјавил дека не сака да има контакт со неа.

Поради тоа, деталите за нивниот однос и денес остануваат обвиени со превез на мистерија, а јавноста најчесто се обидува да ги разбере низ сложените околности поврзани со семејството, разводот и религијата.

Сепак, имиџот на Круз воопшто не беше нарушен од фактот што ја исклучил својата ќерка од животот. Тој и понатаму често може да се види на значајни општествени и спортски настани, во друштво на членови на британското кралско семејство, како и на црвениот килим.