[ФОТО] Мислите дека е од друга планета? Ова неверојатно езеро се наоѓа во срцето на Европа, а од патот воопшто не се забележува

Точка

28/07/2026

16:54

399

Големина на фонт

а а а

Иако до езерото водат неколку пешачки патеки, туристите најмногу сакаат да го фотографираат и снимаат со дронови за да ја забележат неговата нереална убавина.

Лагoa до Пау Пике (Lagoa do Pau Pique) е мало вулканско езеро на островот Сао Мигел, во близина на населбите Санто Антонио и Капелас. Ова необично природно богатство се наоѓа во архипелагот Азори, во Португалија, и особено ги привлекува љубителите на природата и планинарењето, пишува „Punkufer.hr“.



Езерото се наоѓа во внатрешноста на вулкански кратер, исполнето е со кристално чиста вода и има речиси совршена кружна форма. Тоа е дел од вулканскиот систем Сете Сидадеш, а од птичја перспектива изгледа како „око“.


Иако до езерото водат неколку пешачки патеки, туристите најмногу сакаат да го снимаат со дронови за да ја забележат неговата неверојатна убавина.

Лагоа до Пау Пике е опкружено со бујно зеленило и дрвја и изгледа како совршено место за освежување во текот на жешките летни денови. Сепак, од патот речиси и да не може да се забележи поради густата шума што го опкружува.


Меѓутоа, капењето тука е строго забрането. Лагоа до Пау Пике се наоѓа во заштитено природно подрачје, а пливањето не е дозволено со цел да се зачуваат недопрената природа и чувствителниот екосистем.



Ова езеро е жив доказ за бурното вулканско минато на целиот архипелаг Азори.