Моментот кога одлучуваш дека e доволно за денес е многу убав дел од денот. Го затвораш лаптопот, го оставаш телефонот на страна и конечно имаш време за одмор.
Но, дали и во тој момент има нешто во позадина како мало потсетување – сметките што треба да се платат? Не се итни за да мораш веднаш во истата минута да ги платиш, но не се ни нешто што сакаш да го оставиш да чека.
Токму затоа, сè повеќе луѓе избираат начини на плаќање сметки што не бара дополнителен напор, ниту посета на шалтер.
Сметките за комунални услуги денес може да ги платиш на неколку едноставни начини: онлајн преку Интернет банка или преку мобилната апликација мБанка, директно со картичка на платформите за плаќање на самите компании или на дигитален киоск во бројни филијали и експозитури на Комерцијална банка.
Разликата не е само во удобноста, туку и во трошокот. Електронските налози за плаќање преку дигиталното банкарство на Комерцијална банка се меѓу најповолните начини на пазарот, додека плаќањето сметки онлајн со картичка и на дигитален киоск е без провизија.

Тоа значи дека изборот како ќе платиш сметка директно влијае не само на времето што ќе го потрошиш, туку и на сумата што ќе ја заштедиш.
За оние што сакаат да платат сметка во банка, но без редици, дигиталните киосци нудат едноставно и брзо искуство, достапно 24/7. Со картичка од која било банка можеш да платиш сметки за ЕВН, ЕСМ–снабдување, Телеком, А1 или Телекабел за само неколку минути.
Во време кога викендите стануваат подолги, а одморите почести, вистинската вредност е во решенијата што функционираат тивко во позадина, без да те прекинуваат и без да ти го менуваат планот.
Затоа што паузата во денот има смисла само кога навистина можеш да ја почувствуваш.
Комерцијален текст











