Општина Аеродром денеска ќе ги испрати учесниците на 48. традиционален Илинденски коњички марш, кои продолжуваат да ја негуваат македонската традиција во чест на националниот празник 2 Август - Илинден.
Општина Аеродром денеска свечено ќе ги испрати учесниците на 48. традиционален Илинденски коњички марш, кои и оваа година ќе ја продолжат долгогодишната традиција во чест македонскиот национален празник – 2 Август – Илинден.
Свечената церемонија ќе започне во 17:00 часот во паркот „Јане Сандански“, каде што градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, на коњаниците ќе им го предаде знамето на Општина Аеродром како симбол на поддршката и почитта кон нивната посветеност во негувањето на македонската традиција, историското наследство и илинденските вредности.
По свеченоста, коњаницата ќе се упати кон храмот „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче, каде што со почеток во 18:30 часот ќе се одржи централната свеченост и официјалното испраќање на учесниците кон славното Крушево.
Општина Аеродром ги поканува сите граѓани да присуствуваат на свеченото испраќање и заедно да им оддадат признание на коњаниците, кои веќе 48 години достоинствено ја негуваат оваа значајна традиција и на новите генерации им ги пренесуваат духот на Илинден, патриотизмот и љубовта кон татковината.







