Македонскиот напаѓач, Георг Стојановски на фантастичен начин ја отвори новата сезона во првенството на Бугарија, погоди од центар на првиот меч против ЦСКА 1948 Софија, додека во второто коло стрелаше во дербито на Варна.
Имено Спартак предводен од Ѓоко Хаџиевски го потопи Черно Море на негов терен со 3-0, а погодокот со кој гостите ја обезбедија победата беше дело на Стојановски во 88 минута.
Внукот на Хаџиевски ја казни лошата реакција на домашната одбрана и ја смести топката на вистинското место за огромна радост на трибините каде беа сместени навивачите на Спартак.
Нареден ривал на Георг и компанија е Локомотив Пловдив.







