Оваа земја е најбезбедната дестинација за соло патници

Точка

24/07/2026

13:31

627

Големина на фонт

а а а

Сан Марино е најбезбедната дестинација за самостојни патувања, според истражувањето на американската платформа за патничко осигурување „Squaremouth“, која анализирала повеќе од 100 земји врз основа на безбедноста, достапноста на здравствената заштита, политичката стабилност и други показатели.

Иако ниту една дестинација не може да биде целосно безбедна – истото важи и за градот во кој живеете – ризикот може значително да се намали со избор на места познати по високо ниво на лична безбедност, можност за безбедно движење во текот на ноќта, како и политичка и безбедносна стабилност, пишува „Euronews“.

Во истражувањето биле вклучени земји кои според „Human Development Index (HDI)“ имаат „многу високо“ или „високо“ ниво на развој, а анализирани биле показатели како што се резултатите од „Global Peace Index“, перцепцијата за безбедност според податоците на платформата „Numbeo“, просечната брзина на мобилниот интернет и достапноста на здравствената заштита.


Европа доминира на ранг-листата, бидејќи дури седум од десетте најбезбедни дестинации за соло патници се наоѓаат токму на овој континент.

Првото место му припадна на Сан Марино, со индекс на ризик од само 0,78 од 10.


Жителите на оваа држава имаат високо чувство на лична безбедност – дури 90 проценти од испитаниците изјавиле дека се чувствуваат безбедно кога сами се движат ноќе. Земјата се издвојува и по квалитетниот здравствен систем и ниските еколошки ризици.

На второто место се најде уште една европска микродржава – Андора, со индекс на ризик од 1,33 од 10.


Третото место му припадна на Сингапур, кој оствари индекс на ризик од 1,56 од 10.

Првите пет ги заокружуваат уште две европски земји – Австрија и Чешка. Во топ 10 се најдоа и Естонија, Данска и Словенија.


На листата на десетте најбезбедни дестинации за соло патници, првото место го зазеде Сан Марино, пред Андора и Сингапур. Следуваат Австрија и Чешка, додека втората половина од листата ја сочинуваат Катар, Естонија, Брунеи, Данска и Словенија.