Де Ла Фуенте за настапот на Јамал на СП: Многу созреа, го стави…

Дерби

24/07/2026

11:26

257

Големина на фонт

а а а

Шпанија успеа да стане светски шампион и тоа без некој конкретен учинок на фудбалерот кој требаше да биде клучен за нив на овој турнир-Ламин Јамал.

Младата ѕвезда на Барселона постигна само еден гол на комплетното Светско првенство и тоа против Саудиска Арабија, но често знаеше и да направи разлика на теренот, со своите дриблинзи, визија иако конкретен придонес со бројки немаше.

Повеќе од јасно е дека се очекуваше повеќе од офанзивецот, но селекторот Луис Де Ла Фуенте смета дека напаѓачот покажал зрелост и успеал да го стави општото добро пред индивидуалната слава.

- Ламин е фудбалер кој имаше извонредно искуство и фантастичен настап. Тој созреа многу, работеше неизмерно напорно за тимот и знаеше како да го стави општото добро пред индивидуалната слава. Тој е одличен фудбалер, многу млад, кој сè уште се развива, но ова ќе го направи подобар во иднина. Неговиот развој е планиран. Тој дојде од период на неактивност и заврши прекрасна работа, - истакна искусниот стручњак.