Се враќа на големата сцена: Германија почнува нова ера под водство на Клоп

Дерби

24/07/2026

11:46

219

Големина на фонт

а а а

Германската фудбалска федерација официјално го затвори најважното прашања, новиот германски селектор, наследникот на Јулијан Нагелсман со кого беше завршена соработката по Светското првенство на кое „панцирите“ беа елиминирани во нокаут фазата од скромниот Парагвај.

Германците целеа високо и на крај го добија она што го посакуваа, Јирген Клоп е назначен за предводник на националниот тим со догодот до 2030 година

Јирген зема одмор откако ја заврши приказната со премиерлигашот Ливерпул, потоа работеше во Ред Бул од каде сега доаѓа да биде селектор на националниот тим, да помогне да се врати Германија на врвот на европската и светската сцена.

- Националниот тим може да нè обедини нас Германците како речиси ништо друго. Токму тоа ја прави оваа задача толку посебна за мене. Благодарен сум за сè што доживеав и научив во Ред Бул во текот на изминатата година и пол, и за отвореноста што го овозможи овој договор. Сега се радувам на оваа посебна задача во германскиот фудбал, на која ќе пристапиме заедно со понизност и трпение: развивање тим кој се бори еден за друг, кој ужива во фудбалот и зад кој луѓето од нашата земја можат да се обединат со целосна убеденост, - порача 59-годишниот Клоп на кого ќе му помагаат Петер Кравиц, Пеп Лијндерс и Свен Бендер.