Гарначо откри зошто се пресели во Астон Вила: Барав клуб…

Дерби

24/07/2026

07:32

416

Големина на фонт

а а а

Алехандро Гарначо и во новата сезона ќе го гледаме на островот, но во друга средина и тоа во редовите на Астон Вила.

Аргентинецот немаше добра прва сезона во Челси по трансферот од Манчестер Јунајтед, сезона во која доби доста критики, меѓутоа сега добива шанса да ја стави таа епизода зад себе и тоа во клуб во кој ќе настапува како позајмен играч со тоа што тука може и да направи перманентен трансфер под одредени околности.

-Навистина сум среќен што сум тука. Едвај чекам да почнам на теренот. Тоа е важен клуб кој расте навистина брзо, па едвај чекам да почнам. Барав клуб во кој ќе стекнам самодоверба и ќе се обидам да бидам играчот што бев во моите први години во Манчестер Јунајтед. Разговарав со менаџерот и мислам дека тој ќе ми даде самодоверба да бидам тука и да му помогнам на тимот, -вели Аргентинецот кој очекува многу од соработката со тренерот Унаи Емери.

-Ја гледав Лигата на Европа минатата сезона, а сега се приклучуваме кон Лигата на шампионите; важно е да се биде дел од ова. Разговарав со Унаи пред да дојдам тука и тој ми даде самодоверба. Затоа сум тука. Важно е да се игра во европски натпреварувања. Лигата на шампионите е најдобрата, па затоа ќе играме во неа оваа сезона.

-Навистина сум среќен поради тоа и се надевам дека можеме да направиме нешто важно, -додаде офанзивецот.