Кејти Холмс и Том Круз беа еден од најомилените актерски парови. Том, холивудски заводник и Кејти, американската миленичка, ги привлекуваа погледите на јавноста каде и да се појавеа. Се венчаа во 2006 година, а набргу потоа ја добија и ќерката Сури Круз.
Сепак, тој навидум совршен брак ненадејно се распадна и двајцата се разведоа во 2012 година. Според пишувањата на ТМЗ, причината за разводот била поврзаноста на Том Круз со Скиентолошката црква, како и стравот на Кејти дека и нивната ќерка Сури ќе стане дел од оваа секта.

По разводот од славниот актер, Кејти целосно му се посветила на воспитувањето на својата ќерка и ретко се појавувала во јавноста и на големи настани. Речиси никогаш не го коментирала својот љубовен живот по распадот на бракот, а фотографите на странските медиуми немаа можност да ја уловат во прегратка на друг маж…
Барем не досега…
Кејти неодамна била фотографирана за време на прошетка низ Њујорк, а друштво ѝ правел нејзиниот нов партнер, уметникот Џејсон Бард Јармоски.

Според странските медиуми, парот присуствувал на серијата концерти „SoHo Sessions“ во Њујорк, а во еден момент биле фотографирани како се држат за рака. Со овој потег, познатата актерка сакала да им покаже на сите дека конечно е среќна во љубовта.
Извори за „Пипл“ изјавиле дека Холмс и Јармоски разменувале бакнежи и прегратки, а за време на настапот на кантавторката Сиена Спиро се држеле за раце.
Кој е Џејсон Бард Јармоски?
Џејсон е уметник од Њујорк, познат по своите слики и цртежи кои, како што е наведено во неговата биографија, „се занимаваат со темите на стареењето, времето и сеќавањето“.

Дипломирал во 2010 година на Школата за визуелни уметности во Њујорк, а неговите дела се изложени во музеи низ САД, меѓу кои и во Музејот на уметноста во Бруклин.













