Пакомак и Sound of Green ве покануваат на летна забава во Охрид

Точка

23/07/2026

12:53

147

Големина на фонт

а а а

И ова лето, вистинската забава ќе помине во знакот на добрата музика, дружењето и создавањето на добри еко навики, заедно со Sound of Green 2026. Фестивалот кој веќе започна оваа година има малку поинаков концепт: седум последователни викенди исполнети со богата музичка програма и одлични домашни и странски артисти ќе се одржат од 11 јули до 22 август во кафулето „Rebel“ во Охрид.

Секоја сабота нов артист, секој викенд различен звук, но секогаш истата порака: дека животната средина треба да се одржува чиста, а таа одговорност ни припаѓа сите нам.

Минатата сабота публиката во Охрид имаше можност да ужива во сетот на берлинската диџејка Nakadia. А овој викенд (25.07) во кафулето „Rebel“ доаѓа двојна доза на електронска енергија – Sasha и Onyva ќе ја почестат охридската публика со енергични сетови и моќни басови, кои со сигурност ќе ги разиграат присутните.  

Како и претходните години, фестивалот Sound of Green има еко карактер и организаторот Пакомак ги охрабрува сите присутни да донесат шише или лименка за одложување и одговорно да го одложуваат својот отпад за време на настанот и откако тој ќе заврши.

Целосната програма и листата на артисти кои ќе настапат на овогодинешниот Sound of Green можете да ја погледнете на социјалните мрежи на Пакомак


Sound of Green настана како идеја за спојување на љубовта за музиката и еколошката одговорност, со цел на креативен начин да се подигне еко свеста кај населението. Секоја наредна година фестивалот има различна програма, а ова е првпат да се одржува надвор од Скопје. Како и секоја претходна година, влезот за Sound of Green е бесплатен. Но ако присутните сакаат да ја поддржат иницијативата на Пакомак и да ја покажат својата еко свест, доволно е со себе да понесат пластично шише или лименка и да ја одложат во соодветните контејнери поставени околу кафулето „Rebel“.