Неверојатна грешка: Голманот на Интер Мајами е автор на најкомичниот автогол во МЛС лигата

Дерби

23/07/2026

11:56

208

Големина на фонт

а а а

Интер Мајами и без Лионел Меси издвојува победа над Чикаго Фајр од 3-2 на мечот кој рано утрово се одигра во МЛС лигата.

Во главна улога беше Луис Суарез кој беше автор на првите два гола за домаќините, а имаше и клучни улога за оној победничкиот во 87 минута.

Средбата на Флорида воедно донесе и една комична ситуација, момент за ТВ шпици кога се работи за најсмешните работи во фудбалот.

Се играше 18 минута кога домашниот голман Роко Ново Риос доби топка од својот соиграч и наместо рутински да ја испрати до другиот колега, тој ја смести во сопствената мрежа. Катастрофална грешка која сигурно долго ќе ја памети, но она што е позитивно за него е што истата на крајот не донесе негативен резултат за Интер Мајами.