Роберт Левандовски мина четири години во Барселона, период во кој го фати доаѓањето на новиот бисер на европскиот и светскиот фудбал Ламин Јамал.
Тој уште како тинеџер доби шанса во првата екипа од страна на тогашниот тренер Чави Ернандес за да потоа со Барселона ги освои сите пехари на домашно тло, а со Шпанија да стане европски и светски првак.
Левандовски многу добри ги знае квалитетите на офанзивецот и според него Јамал не се прикажал во најдобро светло на штотоку завршениот мундијал во САД, Мексико и Канада.
- Искрено, не, не, Најдобриот настап, најдобриот Ламин за мене, секако, не беше минатата сезона, но пред две сезони, тоа беше за мене сега најдобрата верзија на Ламин Јамал. Тој е сè уште млад, дојде на Светското првенство по повреда и не играше околу осум недели, па затоа е тешко ако не играш осум недели и мора да почнеш да играш на Светското првенство, тогаш немаш време за тренинг само од натпревар до натпревар. Но, тој покажа навистина добар квалитет. Шпанските играчи и тимот му помогнаа на Ламин, а Ламин исто така му помогна на целиот тим. Мислам дека оваа соработка беше совршена, - вели Полјакот кој во финалето навивал за „црвената фурија“.
- Познавам многу играчи од Шпанија и поминав толку многу време во Барселона со нив, па затоа многу ги поддржував. Секако, од Аргентина лично го познавам само Лео, но знам дека тој го освои последното Светско првенство. Затоа ја поддржувам шпанската репрезентација бидејќи ако играте со нив, поминувате многу време заедно, тогаш е полесно да го поддржувате овој тим.
- Бев среќен бидејќи знам дека беа подготвени да го освојат Светското првенство. Тие се многу млади и иднината е пред нив, - истакна ветеранот кој отвори ново поглавје во животот и сега е дел од МЛС составот Чикаго Фајр.







