Премиерлигашот е на врвот: Челси е клуб со најмногу 100+милиони евра трансфери на светот

Дерби

23/07/2026

11:41

152

Големина на фонт

а а а

Челси го реализираше најскапиот трансфер во овој летен преоден рок, операција вредна 137 милиони евра за услугите на англискиот репрезентативец Морган Роџерс.

„Сините“ максимално го отворија ќесето за досегашниот фудбалер на Астон Вила за кого постоеше интерес и од англискиот шампион Арсенал, но голем знак прашање е дали клубот од Бирмингем ќе може да извлече толкава сума на пари од „топчиите“.

Со ова Челси само продолжи да се издвојува на врвот како клуб со најмногу остварени фудбалски операции вредни 100+милиони евра.

Ова е дури петти играч за кого лондонскиот тим не штеди пари, поточно во ова друштво на Роџерс се Енцо Фернандез кој пристигна од Бенфика, потоа Моисес Каиседо, Ромелу Лукаку и Каи Хаверц.