Балотели: Мојата совест е чиста, никогаш…

Дерби

23/07/2026

11:30

167

Големина на фонт

а а а

Марио Балотели е една од „лудите глави“ на фудбалот или во поновата ера, ас кој има импресиовна биографија ако се погледнат клубовите во кои настапуваше, но и ас кој можеше многу повеќе да направи, понуди со оглед на неговиот талент, потенцијал и квалитет.

Напаѓачот настапуваше за великани како Интер, Милан, Ливерпул, Олимпик Марсеј, Манчестер Сити, имаше добри, ама и луди моменти, потези со кои се истакнуваше на теренот, ама и надвор од него, потези, ситуации со кои не си дозволи да заблеска до самиот крај.

Меѓутоа без разлика на се Балотели не жали и верува дека тоа било само процес кон тоа да стане зрел човек.

- Направив некои глупави работи, бев енергичен млад човек, имаше малку вознемирување. Не се каам затоа што ме натераа да пораснам. Но, ако видам што прават денес и каков одвратност прават одредени луѓе, имам чиста совест, никогаш не сум повредил никого, - вели Балотели кој и понатаму е последниот човек кој дал гол за Италија на СП.

- Не е ништо со што да се биде горд, туку е тажно. Поминаа премногу години. Дали бев блиску до Јувентус во минатото? Да, по Манчестер Сити. Потоа завршив во Милан, па немам жалење, тоа беше избор, - истакна Марио.