[ВИДЕО] Американски јутјубер се возел со најопасниот воз на светот: Oткрил како изгледала ноќта во отворен вагон низ Сахара

Точка

23/07/2026

11:02

500

Големина на фонт

а а а

Американскиот јутјубер Дру Бински детално ја опишал својата ноќна авантура во возот за транспорт на железна руда во Мавританија, еден од најопасните возови во светот.

Во видео објавено на својот канал, тој покажа како спиел во отворен вагон, на куп минерали, изложен на екстремни услови.

Екстремно патување низ Сахара

Возот сообраќа на линија долга 704 километри, од пустинската внатрешност на Мавританија до брегот на Атлантскиот Океан, и стана познат меѓу патниците желни за адреналин.

Тука нема класични удобности – патниците се сместуваат во отворени товарни вагони и поминуваат до 24 часа на купови железна руда. Во овие вагони нема седишта, тоалети ниту засолниште, а секој мора сам да се снабди со храна и вода.

Иако возењето во товарните вагони технички е спротивно на законот, рударските компании со години го толерираат тоа. Доколку бидат фатени, патниците најчесто мора да платат надомест за место во патничкиот вагон. И покрај опасностите и неудобноста, луѓето се одлучуваат на ова патување поради уникатното искуство и адреналинот што го нуди.

Вистинска ноќ во Сахара

Бински и неговиот пријател Томас тргнале на ова патување во 2022 година. Додека неколку часа поминати на куп руда можат да изгледаат како забавна авантура за фотографирање, спиењето во отворен вагон во пустински услови било сосема поинакво искуство.


По вечерата составена од јаткасти плодови, бисквити, банани и вода, тие се подготвиле за спиење. Во текот на денот температурите во Сахара можат да достигнат и до 50 степени Целзиусови, додека ноќе паѓаат и до -4 степени.

За да се загреат, облекле неколку слоеви облека и влегле во вреќи за спиење. Бински раскажал дека успеал да спие само „неколку часа“ бидејќи било „ледено студено“.

„Целиот сум прекриен со црна прашина“, раскажал тој. „Дишењето ми е ужасно, ја чувствувам прашината дури и низ маската за лице.“

Во текот на ноќта неколку пати се буделе, а возот во еден момент застанал покрај помал град пред изгрејсонце.

Вредноста на искуството

И покрај тешките услови и исцрпувачкото спиење, Бински заклучил дека авантурата целосно вредела. Додека ги набљудувал бескрајните песочни дини, рекол дека чувствувал возбуда и слобода како никогаш досега во животот.