Познат е наследникот на Руди Гарсија: Холандска легенда ќе биде нов селектор на Белгија

Дерби

22/07/2026

12:05

180

Големина на фонт

а а а

Белгија одлучи да се раздели со Руди Гарсија иако репрезентатицијата имаше добар настап на Светското првенство, настап кој заврши во четвртфиналето со драматичен пораз од сега веќе светскиот шампион Шпанија.

Меѓутоа од федерацијата одлучија да не му го продолжуваат договорот на Гарсија, да пробаат со ново име и како што стојат работите многу брзо официјално ќе се затвори тоа прашање.

Имено за нов предводник на „црвените ѓаволи“ ќе биде назначен 49-годишниот Марк Ван Бомел. Ван Бомел е холандска легенда, човек кој во играчката кариера настапуваше за великани како Барселона, Милан, Баерн Минхен и ПСВ.

Како тренер работеше во родната земја, Германија и Белгија каде и го имаше најголемиот успех како тренер на Антверпен, тим со кој беше шампион на земјата и го освои Купот и Супер Купот.

Договорот ќе биде со важност до 2028 година.