Родриго Де Пол е еден од старата гарда играчи кои ја водеа Аргентина и на ова Светско првенство, а како фудбалер кој често знаел да извршува и валкани работи за да се стигне до посакуваната цел, мора да се признае дека тој беше максимално коректен во финалето со Шпанија.
За разлика од Енцо Фернандез, Паредес и Молина кои ги изгубија главите, Де Пол доста спортски го прифати поразот во финалето, но затоа испрати жестока порака на социјалните мрежи до сите оние кои измислуваа теории на заговор дека Аргентина се форсира и добива помош за да освои втора светска титула во низа.
– Најголема е болката поради тоа што не ја вративме светската титула во нашата земја, бидејќи ако некој заслужуваше повторно да доживее такво нешто, тоа сте вие Аргентинците.
– Но, како што минуваат часовите, вие не терате да сфатиме дека вашата врска со овој тим оди многу подалеку од трофејот, и тоа е нешто до кое ќе се држам за да го пребродам овој момент.
– Сега гледам колку многу луѓе се надеваа и го сакаа овој наш пораз, ширејќи неосновани теории на заговор во текот на целото Светско првенство, со единствена цел да ја смират болката поради тоа што не можат да го доживеат она што го доживуваат сите Аргентинци. Нашите насмевки ги вознемируваа, нашите манири ги вознемируваа, но ние уште еднаш потврдивме дека страста и љубовтат кон нашиот дрес можат да надминат се. Ќе боли долго време, но денеск повеќе од било кога сум горд што сум АРГЕНТИНЕЦ, – порача Де Пол.







