Младата ѕвезда со ветување: Ќе ја вратиме титулата во Аргентина…

Дерби

21/07/2026

10:41

231

Големина на фонт

а а а

Аргентина падна на последниот испит и не успеа да стане трета земја по Италија и Бразил која врзала две титули на Светските првенства.

Подобра од Аргентина во големото финале беше Шпанија и тоа по дополнителните 30 минути во кои херој беше Феран Торес кој стрелаше во 106 минута. Дефинитивно ќе им потребно време на „гаучосите“ за да го заборават овој неуспех, но ова е земја која има квалитетни играчи кои можат да ја однесат кон успеси во иднина и еден од нив е Нико Паз.

Паз имаше страшна сезона во Комо, меѓутоа и покрај тоа не доби доста шанси од Скалони на овој мундијал, ама без разлика на се ова е сериозно искуство и самиот Нико е мотивиран и даде ветување дека еден ден ќе ја врати светската титула во татковината.

- Денес, повеќе од кога било, горд сум што ја претставувам оваа земја, овој национален тим и што сум дел од група неверојатни луѓе кои умираат за овие бои и ги оставаат своето срце и душа во секое време. Можам само да им се заблагодарам. Ветувам дека ќе дадам апсолутно сè од себе за да ја вратам оваа титула во Аргентина. Честитки до Шпанија и до сите Шпанци. Аргентина, секогаш и во добро и во лошо, - порача офанзивецот кој има 21 година.