Аргентина не покажа доволно во завршниот меч и на крајот остана со празни раце на 23. Светско првенство.
„Гаучосите“ не одговорија соодветно на предизвикот Шпанија, не беа конкретни во офанзивната линија и најдобар доказ за тоа е што за 120+минути упатија само два удари, но ниту еден во рамките на голот што го чуваше Унаи Симон.
Она кој сигурно можеше да помогне на теренот беше напаѓачот Лаутаро Мартинез, меѓутоа тој не доби шанса затоа што селекторот Лионел Скалони ги искористи замените, а последната му беше стопер за напаѓач за да неколку минути подоцна Шпанија стрела преку Торес по што немаше враќање за јужноамериканците со тие играчи што ги имаше на теренот.
-Дадовме сѐ од себе за да го освоиме второто Светско првенство по ред, но овој пат тоа не беше наша судбина. Многу сум горд што сум АРГЕНТИНЕЦ.
-Би сакал да се обидев да му помогнам на тимот на теренот, но нема врска. Им благодарам на сите што нè поддржаа за време на овој турнир, патувајќи километар по километар за да бидат блиску до нас, и на сите што нè охрабруваа од секој агол на нашата земја, -порача Лаутаро на социјалните мрежи.







