[ВИДЕО] Емотивен момент: Балкански судија доби чест да го суди големото финале на СП, па заврши во прегратка на Колина

Дерби

17/07/2026

12:24

1.525

Големина на фонт

а а а

Светското првенство во САД, Мексико и Канада полека влегува во својата завршна фаза, а пред последните два натпревари кои ќе ги гледаме на мундијалот, свој збор имаше и Пјерлуиџи Колина.

Шефот на судиите во ФИФА ги собра сите арбитри за да ги соопшти двете најважни одлуки за крај на мундијалот, со тоа што секако во фокусот беше изговорот на името на судијата кој ќе ја дели правдата во големото финале кое се игра во Њу Џерси во недела.

Голема чест доби Славко Винчиќ и ова ќе биде најважен натпревар во кариерата на познатиот словенечки судија, кој откако беше избран за делител на правдата на „МетЛајф стадионот“ во Њу Џерси, не успеа да ги сокрие и емоциите.

Балканскиот арбитар се расплака и заврши во прегратка на легендарниот Колина, свесен и самиот дека ова е најважниот момент кој ќе го има во својата елитна судиска кариера.

– Преовладува шок, нависитна голем шок, а потоа и среќа. Се тресев од возбуда, неверојатна е честа да се добие финале на Светско првенство. Тоа е сон за секој судија кога ја почнува оваа работа и затоа сум навистина многу горд на себе и својот тим, – изјави Винчиќ кој ќе се погрижи големото финале на СП да има и балкански шмек.

Помошници на Винчиќ ќе бидат неговите сонародници Томаж Кланчник и Андраж Ковачиќ, четврти судија ќе биде Адам Махахмед од Јордан, а резервен арбитар неговиот сонародник Мохамад Алкалаф.

Винчиќ веќе судеше финалиња во Лигата на Европа и Лигата на шампиони, но ова дефинитивно ќе биде врв на неговата судиска кариера.