Ричардс дознал за голема семејна трагедија пред полуфиналето меѓу Англија и Аргентина

Дерби

16/07/2026

12:01

348

Големина на фонт

а а а

Мика Ричардс е еден од најпопуларните и најхаризматични фудаблски експерти кои се појавуваат во светските студија, а како аналитичар кој ова Светско првенство го работи за „Би-Би-Си“, славниот дефанзивец на Манчестер Сити останал доследен на своите обврски и покрај големата семејна трагедија.

Ричардс се вклучи во живо и ја водеше мундијалската програма во друштво на Вејн Руни и Џо Харт, но откако заврши целата програма резервирана за полуфиналето меѓу Англија и Аргентина, разочарувањето за Мика беше двојно.

Покрај елиминацијата на својата сакана репрезентација, Ричард во текот на целата вечер мислел и на неговиот татко, кој за жал ненадејно починал неколку часа пред второто полуфинале на мундијалот.

– Кратко пред да се вклучам во емисијата денеска, ја добив ужасната вест дека починал мојот татко Линколн. Неговата смрт беше неочекувана и не напушта премногу рано. Тој беше мојот најголем поддржувач, речиси никогаш не пропушташе мој натпревар. Ме возеше насекаде каде што одев како дете и беше најгордиот родител што можеше да биде за време на мојата професионална кариера.

– Знам колку многу значи гледањето на Англија како игра на Светското првенство за сите дома и какво искуството ги поврзува семејствата низ генерациите. Знам дека мојот татко, особено како горд Јоркширец од старата школа, би сакал емисијата да продолжи вечерва. И така и се случи. Моите мисли се со моите браќа и сестри и целото мое пошироко семејство. Денеска кога сите се сеќаваме на мојот татко Линколн, мојот херој и мојата инспирација, – објави Ричардс.