Антонио Конте ја заврши својата двегодишна авантура во Наполи на крајот на сезоната, па во период кога цела јавност е фокусирана на Светското првенство, искусниот стручњак направи едно мундијалско интервју за „Газета дело спорт“.
Конте во свој препознатлив стил реши да издвои неколку имиња кои не се најдоа во центарот на вниманието на светската јавност, но за него, најголемите изненадувања на мундијалот се тројца играчи кои доаѓаат од Египет, Мароко и Брегот на Слоновата Коска.
– Ми се допадна Хасан, египетскиот крилен напаѓач, Буади од Мароко кој играше во средниот ред, како и Улаи, играчот за врска на Брегот на Слоновата Коска. Тие се најголемите и најпријатни изненадувања за мене, – вели Конте, кој во интервјуто говори и за Меси и обидот на Аргентина да ја одбрани светската титула.
– Тимот на Скалони е солиден и неколеблив. Тренерот се фокусираше на Меси, направи останатите играчи да бидат како негови лојални фанови кои го следат. Тие го оставија дресот и нивната лубов пред нивните лични амбиции. Аргентина е тим со извонредна човечка длабочина, создадена е импресивна синергија и тоа може да урива секакви предизвици.
– Меси повторно ги надмина сите очекувања. Некои се сомневаа во него, но се појави во неверојатна физичка форма, демонстрирајќи огромен професионализам и решителност на 39 години. Лео има интелектуален капацитет секогаш да биде чекор пред другите и да биде на вистинско место во даден момент, – анализира Конте, кој не штеди комплименти и за англискиот капитен, Хари Кејн.
– Кејн е извонреден централен напаѓач, но и фантастична десетка. Ги разбира движењата во средниот ред, знае кога треба да се повлече и како да игра како плејмејкер. Тој е исклучителен играч со извонредни технички квалитети. Беше неправедно што немаше освоено трофеј во Тотенхем, во Баерн го доби тоа што го заслужува, а можеби ќе му се посреќи и ќе го стори истото и со националниот тим, – изјави Конте.










