Де ла Фуенте: Франција ја почувствува силата на најдобрата селекција во светот!

Дерби

15/07/2026

07:11

790

Големина на фонт

а а а

Шпанија влезе во мундијалот како актуелен европски шампион, па иако разочара на премиерата во САД со реми против Зеленортските Острови, шест меча подоцна „црвената фурија“ е прв патник во големото финале.

По вторпат во својата фудбалска историја, Шпанија ќе биде дел од еден завршен натпревар на Светско првенство, а тоа го осигура на начин на кој ја воодушеви цела нација на Пиринеите.

Тимот на Де ла Фуенте ги анулираше сите силни оружја на Французите и зададе два убиствени удари со голови во мрежата на Мењан, па со презентиран извонредно технички и допадлив фудбал сосема заслужено го нокаутираше главниот фаворит за титулата.

Цела светска јавност ја гледаше Франција како изразит фаворит за мундијалскиот трофеј, но денеска Шпанија ја покажа својата класа на теренот и со трета победа во низа над „триколорите“ демонстрираше сила и моќ.

– Зборувавме за вакво сценарио пред натпреварот со сите во соблекувалната. Знаевме дека се соочуваме со една од најдобрите селекции во светот, но денеска Франција се соочи со најдобриот тим во светот и ја почувствува нашата сила.

– Тешко е да се објасни што се чувствува во вакви моменти, но преовладува среќа и гордост. Горд сум што тренирам вакви професионалци и вакви посветени момци. Ни преостанува уште еден чекор и се надеваме дека ќе успееме во целта која си ја зададовме. Не може секој да се пофали дека бил дел од едно мундијалско финале, па затоа би кажал дека сите кои сме дел од оваа генерација сме привилегирани, – изјави Де Ла Фуенте.