Во пожар на градилиште во Брисел денес загинаа неколку лица, а шестмина се исчезнати. Повеќето од работниците се евакуирани, но голем број тела се пронајдени во лифтовите на проектот за реновирање во центарот на градот.
Неколку лица загинаа денес во пожар на градилиште во Брисел, додека потрагата по шест исчезнати лица е во тек, соопштија локалните власти.
Телевизијата VRT објави дека повеќето од приближно 200 работници биле евакуирани откако избувнал пожарот.
Портпаролот на локалниот инспекторат за труд изјави дека голем број тела се пронајдени во еден од двата лифтови на голем проект за реновирање на плоштадот Place de Brouckere, каде што пожарот избувна рано денес.
Тој не прецизираше колку.
Додаде дека не е јасно дали телата се на исчезнатите работници.







