Зошто инвестициските фондови стануваат сѐ попопуларен избор за вложување?

Точка

14/07/2026

17:05

388

Големина на фонт

а а а

Една од главните причини поради која сѐ повеќе граѓани се одлучуваат за инвестирање во инвестициски фондови е транспарентноста на целиот процес. Денешните инвеститори не бараат само можност за раст на капиталот, туку и сигурност дека нивните средства се управуваат професионално, согласно јасно утврдени правила и под постојан надзор.

Токму тоа го нуди ВФП Фонд Менаџмент. Од самиот почеток на инвестирањето, клиентите добиваат јасна документација, потврда за купените удели и пристап до онлајн профил преку кој во секое време можат да ја следат состојбата на својата инвестиција и растот на средствата. На тој начин, инвеститорот има целосен увид во своето вложување, без скриени трошоци и без нејасни процедури.

Со средствата управува професионален тим од портфолио-менаџери и финансиски аналитичари кои секојдневно ги следат движењата на светските пазари, ги анализираат можностите за инвестирање и носат одлуки во интерес на инвеститорите. Истовремено, вредноста на фондот редовно се пресметува и објавува, овозможувајќи целосна транспарентност во работењето. ВФП Фонд Менаџмент е дел од групација со австриско потекло и има 40-годишното искуството на менаџментот во инвестирање на светските берзи, што креира дополнителна сигурност и доверба.


Како и секоја професионална услуга, управувањето со инвестициски фонд подразбира и надоместок за управување, кој е стандардна практика во индустријата. Со овој надоместок се покриваат професионалното управување со портфолиото, секојдневните анализи на финансиските пазари, административните процеси и континуираното следење на инвестициите. Тоа значи дека инвеститорите добиваат експертски пристап и професионално управување со своите средства, без самите да мораат да носат сложени инвестициски одлуки или постојано да ги следат движењата на пазарите.

Дополнителна сигурност обезбедува и банката чувар на фондот Комерцијална банка, која независно ги чува средствата на инвеститорите во фондовите управувани од ВФП Фонд Менаџмент, а притоа и Друштвото и Банката чувар се под постојан надзор на Комисијата за хартии од вредност, а финансиските извештаи редовно ги ревидира независен ревизор.

Токму комбинацијата од професионално управување, целосна транспарентност, повеќеслојна контрола и пристап до информации во секое време е причината поради која инвестициските фондови, а особено решенијата што ги нуди ВФП Фонд Менаџмент, стануваат сѐ попопуларен избор за оние што сакаат своите средства да ги вложуваат долгорочно и одговорно.

Комерцијален текст