Уапсен малолетник кој украл пари и предмети од црква во Тетово

Макфакс

14/07/2026

10:00

197

Големина на фонт

а а а

Во Тетово е уапсен 16-годишен малолетник кој украл пари и предмети од црквата „Св. Богородица“. Случајот е пријавен во полиција, извршен е службен разговор со малолетникот во присуство на родител и социјален работник, а ќе следува и пријава.

Вчера вечер на Градскиот плоштад во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово уапсија 16-годишник од Тетово, поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ во црквата „Св. Богородица“ во Тетово.

Тој, истиот ден околу 21:10 часот, одзел пари и предмети од црквата. Известен е јавен обвинител и во присуство на родител и претставник од Центарот за социјални работи, со малолетникот е извршен службен разговор.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава