Во изминатите две години се реализирани над 60 спортски проекти со вкупна вредност од преку 21 милион евра, кои вклучуваат реконструкција на спортски објекти и изградба на нови, со цел подобрување на спортската инфраструктура и поддршка на младите и спортските настани.
Во изминатите две години се реализирани и започнати 60 спортски проекти, со вкупна вредност од над 21 милион евра. Овие инвестиции не претставуваат само изградба и реконструкција на објекти, туку вложување во генерациите што доаѓаат и создавање здрави животни навики, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„За 2 години се реконструираа и започнаа повеќе капитални инфраструктурни проекти, меѓу кои спортската сала „Расадник“, атлетските патеки во Велес и во Гевгелија, спортската сала во Радовиш. Започна реконструкцијата на спортската сала на УКИМ, изградбата на нови спортски сали во Општина Аеродром, во Крушево и во Воената академија во Скопје, како и изградбата на новите трибини на градскиот стадион во Тетово. Се градат нови спортски сали, реконструираат атлетски патеки, се градат мултифункционални игралишта, стадиони и базени кои ќе овозможат илјадници деца, млади и рекреативци да спортуваат во современи и безбедни услови“, велат од партијата.
Додаваат дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ овозможува да се создаваат предуслови за развој на врвниот спорт и да се организираат спортски настани кои ќе придонесат и за локалниот економски развој.
„Владата на ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на реализација на нови капитални проекти, затоа што силната спортска инфраструктура е темел за успешен спорт, поздрави генерации и посилна Македонија. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со инвестициите во спортот, бидејќи тие носат вредност со децении, а придобивките од нив ќе ги чувствуваат и сегашните и идните генерации“, пишува во партиското соопштение.







