Хрватите донесоа одлука и го официјализираа наследникот на Далиќ

Дерби

13/07/2026

15:34

285

Големина на фонт

а а а

Хрватска добива нов селектор по скоро една деценија, период во кој националниот тим имаше огромни успеси под водство на Златко Далиќ.

Хрватите беа втори во Русија, трети во Катар, а се прикажаа во добро светло и на СП што сè уште се игра, беа елиминирани од Португалија во 1/16 финалето во меч кој донесе контраверзии и доста коментари.

Фудбалската федерација на оваа земја веќе донесе одлука околу наследникот и тоа е Славен Билиќ. Билиќ е поранешен репрезентативец на Хрватска, човек кој веќе работеше како селектор (младите и сениорите) што значи ова е негов камбек по пауза од 14 години.

- Би сакал да му се заблагодарам на претседателот Кустиќ и на раководството на Федерацијата за нивната поддршка и можноста повторно да ја водам хрватската репрезентација како селектор, што е најголема чест за секој хрватски тренер. Свесен сум за високите очекувања по одличниот период под водство на Златко Далиќ, но секој што ја води Хрватска мора да биде подготвен за тоа бидејќи ние сме фудбалска нација која живее со својата репрезентација.

- Имам голема доверба во играчите што ги имаме на располагање и од мене зависи да ја внесам енергијата, амбицијата и решителноста за да се осигурам дека Хрватска ќе остане дел од фудбалската елита. Исклучително се радувам на овој предизвик за кој се чувствувам целосно подготвен, како позрел и поискусен тренер отколку во 2006 година, но со иста мотивација и желба Хрватска да биде моќна, храбра и успешна, - Билиќ.