„Meta“ го повлече AI алатот за генерирање слики по критиките за нарушување на приватноста

Точка

13/07/2026

13:19

317

Големина на фонт

а а а

Американската технолошка компанија „Meta“ го повлече својот нов AI алат за генерирање слики „Muse Image“, само неколку дена по неговото лансирање, по негативните реакции од корисниците и критиките дека ја нарушува приватноста.

„Добивме повратни информации дека оваа функција не ги исполни очекувањата, па затоа повеќе не е достапна“, соопштија од компанијата со седиште во Менло Парк.

Најголема полемика предизвика можноста корисниците со помош на вештачка интелигенција да обработуваат фотографии на други лица од јавни профили на „Instagram“, без нивно знаење и согласност, пренесува „Reuters“.


Корисниците ја критикуваа и одлуката функцијата да биде автоматски активирана, наместо за нејзино користење да биде потребна јасна претходна согласност од корисникот.

На критиките им се приклучи и американскиот синдикат „SAG-AFTRA“, кој ги застапува актерите и другите професионалци од индустријата за забава.


Алатката на „Meta“ овозможуваше генерирање и уредување слики врз основа на текстуални инструкции, како и креирање персонализирани QR-кодови, изработка на рекламни визуелизации и симулација на изгледот на мебел во простор, со интеграција со платформата „Facebook Marketplace“.