Ветеранот има нов клуб: Зомер одлучи каде ќе ја продолжи кариерата

Дерби

13/07/2026

12:09

265

Големина на фонт

а а а

Јан Зомер во изминативе три години беше дел од калчолигашот Интер, тим со кој во тој период успеа да ги освои сите пехари во Италија, но и да игра во финалето на Лигата на шампионите.

Меѓутоа таа приказна е завршена и Зомер како слободен фудбалер си замина од Милано, а иако на негова адреса пристигнале понуди од Шпанија, Англија и Италија тој се реши да ја прифати понудата од Белгија на Клуб Бриж.

Тој сакал да биде поблиски до родната Швајцарија и тоа била една од главните причини да му каже „ДА“ на белгискиот шампион.

Во досегашната кариера има настапувано уште за Базел, Вадуц, Грасхопер, Борусија Менхенгладбах и Баерн Минхен.