Костакурта: Доаѓањето на Малдини е поважно од…

Дерби

13/07/2026

12:40

281

Големина на фонт

а а а

Италија по трет пат во низа остана без пласман на Светските првенства, а тоа беше знак дека време е за сериозни промени и по изборот на Џовани Малаго за прв човек на фудбалската федерација дојде и информацијата за враќањето на легендарниот Паоло Малдини.

Малдини прифати да биде технички директор, потег кој е добро прифатен на Апенините и дава надеж дека пред италијаскиот фудбал се подобри времиња.

- Ова е одлична вест за италијанскиот фудбал, бидејќи доведовме еден од најпросветлените и најискрените луѓе во спортот. Малаго го направи најдобриот можен избор. Всушност, изборот на Малдини е можеби поважен од изборот на новиот тренер, - истакна Алесандро Костакурта кој говореше и за Леонардо кој ќе ја има улогата на советник.

- Тие имаат различни карактеристики. Лео е повеќе сонувач, визионер, додека Паоло е попрактичен, се потпира на своето знаење и инстинкт. Најдоброто кај нив е што се слушаат еден со друг, и покрај тоа што тргнуваат од различни идеи, и секогаш успеваат да најдат заедничко решение, - истакна Костакурта.