Судија од Ел Салвадор ќе ја дели правдата на европското дерби меѓу Франција и Шпанија

Дерби

13/07/2026

12:51

195

Големина на фонт

а а а

Денеска е ден за одмор на Светското првенство, но утре се враќаат возбудувањата со првото полуфинале во кое силите ќе ги одмерат Франција и Шпанија.

Ова е соочување на актуелниот светски вицешампион и актуелниот европски шампион, соочување на две селекции кои многу добро се познаваат и се очекува вистински спектакл во Тексас.

ФИФА веќе го одреди судијата кој ќе ја дели правдата, а тоа е 35-годишниот Иван Бартон од Ел Салвадор. Се работи за арбитар кој веќе судеше на претходниот мундијал во Катар (три натпревари), судија кој веќе одработи три предизвици и на ова СП, дуелите Турција-Парагвај, Јапонија-Шведска и Швајцарија-Колумбија.

Бартон се најде во центарот на вниманието поради доделениот црвен картон на Алмирон на средбата со Турција, притоа применувајќи го правилото да не се покрива устата додека се говори со противникот.

За четврти судија е назначен Глен Ниберг од Шведска.