Серлот за пропуштената златна шанса против Англија: Единствената работа што ја сакав во таа ситуација…

Дерби

13/07/2026

12:07

209

Големина на фонт

а а а

Норвешка имаше одличен настап на Светското првенство, турнир на кој се уште оваа репрезентација можеше да биде активна со оглед на тоа што прикажа подобра игра од Англија, но на крајот загуби со 2-1.

На вакви натпревари важно е да ги искористите вашите моменти, да реализирате во вистинско време, да го матирате противникот, а токму таква моожност имаа Норвежаните при резултат 1-0 за нив.

Се отвори идеална можност, Александер Серлот не претвори во гол една извонредна контра, беше себичен во таа ситуација иако блиску до себе го имаше Ерлинг Халанд.

- Ја допирам топката и погледнувам нагоре и потоа гледам како Стоунс го блокира тоа додавање. Потоа повторно ја допирам топката и тоа е лошо. Чекам тој да направи потег, наместо јас да го натерам да направи потег, - истакна Серлот во своето објаснување.

- Единственото нешто што го сакам во таа ситуација е да му ја додадам топката на Ерлинг. Потоа чувствувам дека го нема тоа додавање и потоа одам на шут, - додаде напаѓачот на Атлетико Мадрид.