Томас Тухел излезе со низа критики за своите фудбалери и порача дека среќно се пласирале во полуфиналето на Светско првенство, но за разлика од него, Џуд Белингам излезе со целосно поинаков став.
На Џуд не му се допадна заклучокот на Германецот и нагласи дека тој очигледно не знае како е да се игра против силни фудбалери како Халанд, Одегард, Нуса и останатите, одговор кој отвори еден неоченуван дуел во англискиот табор по четвртфиналето.
За англиските медиуми ова беше уште еден јасен доказ дека двајцата немаат најдобар однос, но се додека селекцијата вади добри резултати, никој нема да прави драма од ваквата ситуација.
По двете изјави на Тухел и Белингам, со свој став илзезе и капитенот Хари Кејн, кој иако го посочи Џуд како главен херој за пласманот во полуфиналето, повеќе се согласи составот на селекторот.
– Сметам дека тој е во право (говорејќи за Тухел), можеме да се подобриме и да играме поубав фудбал. Тухел е тој што не гледа на тренинзите, ја гледа нашата поврзаност и знае што можеме да направиме. Ги знае вештините во целиот тим, па затоа сака да ја види најдобрата верзија од нас и на натпреварите.
– Сите знаеме дека можеме подобро, но исто така, играме против силни ривали. Знаеме дека можеме да достигнеме уште едно ниво погоре, не го покажавме тоа во голем дел од мечот со Норвешка, но веруваме дека ќе го сочуваме тоа за најважната фаза. Оваа генерација прави нешто посебно, редовно играме полуфиналиња и финалиња и треба да бидеме задоволни од овој турнир досега, – изјави капитенот Кејн.







