Ерлинг направи избор: Халанд откри за кој ќе навива и која селекција е негов фаворит за трофејот на СП

Дерби

13/07/2026

11:45

257

Големина на фонт

а а а

Бајката на Норвешка на Светското првенство во САД, Мексико и Канада заврши во четвртфиналната фаза, па иако тоа се случи во услови кои беа и доста контроверзни, скандинавците знаеја како да покажат големина и во поразот.

Ерлинг Халанд како главна ѕвезда на тимот одвои дел од своето време за различни медиуми по болната елиминација во продолженијата, а откако ги сумираше впечатоците за големата шанса која ја пропуштија тој и неговите соиграчи, немал проблеми да говори и за поврзаноста која ја има со Англија.

Напаѓачот на Манчестер Сити открил дека ќе навива за Англија до крајот на турнирот, без оглед на тоа што тоа е селекцијата која застана на неговиот пат во четвртфиналето.

– Дали ќе навиваш за Англија? Да, зошто да не, има неколку момци од Сити кои се таму, но има и во Франција и во Шпанија.

– Секако дека сакам да и оди добро на Англија, навивам за нив од дете. Мислам дека го добив дресот од Англија пред да го облечам оној од Норвешка. Сакам да и оди добро на Англија, тоа е убава земја и имаат убав дрес, – изјави Халанд.