„iPhone 18 Pro Max“ ќе има поголема батерија, но поради тоа ќе биде и подебел

Точка

12/07/2026

11:08

453

Големина на фонт

а а а

Иако „iPhone 18 Pro Max“ ќе биде нешто потежок и подебел од својот претходник, неговата батерија би требало да има поголем капацитет, што најверојатно ќе биде одлична вест за многу корисници.

Според новите неофицијални информации, претстојниот „Apple“ iPhone 18 Pro Max ќе биде нешто подебел и потежок од претходниот модел, а причината за тоа, наводно, е значително поголемата батерија.

Како што тврди кинескиот дојавувач Ice Universe на „Weibo“, „iPhone 18 Pro Max“ ќе тежи 240 грама и ќе биде дебел 9 милиметри. За споредба, актуелниот „iPhone 17 Pro Max“ тежи 233 грама и има дебелина од 8,8 милиметри.


Според информациите што неодамна се појавија во сертификациската документација, верзијата на „iPhone 18 Pro Max“ која ќе користи исклучиво eSIM треба да има батерија со капацитет од 5.567 mAh, додека моделот со физичка SIM-картичка наводно ќе располага со батерија од 5.391 mAh.

Тоа претставува значително зголемување во споредба со „iPhone 17 Pro Max“, чија батерија има капацитет од 5.088 mAh кај eSIM верзијата, односно 4.823 mAh кај моделот со физичка SIM-картичка.


Доколку овие информации се покажат како точни, поголемата батерија би можела да ја објасни нешто поголемата тежина и дебелина на уредот. Со оглед на тоа што поголемиот капацитет на батеријата е едно од најчестите барања на корисниците на паметни телефони, ваквата промена веројатно ќе биде добро прифатена, и покрај нешто поголемите димензии и маса на уредот.