Охриѓанец возел со 2,41 промили алкохол во крвта: Остана без возило

Макфакс

10/07/2026

13:30

150

Големина на фонт

а а а

На магистралниот пат Охрид-Подмољје, возач од Охрид бил затекнат со 2,41 промили алкохол во крвта и лишен од слобода, при што му е одземено возилото и ќе следува кривична пријава.

Синоќа во 18:39 часот, на магистралниот пат Охрид-Подмољје, лишен од слобода е С.С. (47) од Охрид.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патнички автомобил „фиат“ со охридски регистарски ознаки, што тој го управувал и притоа кај него констатирале 2,41 промили алкохол во крвта.

Возилото е одземено, а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување моторно возило“, соопшти полицијата.