Џоркаеф: Роналдо беше бојкотиран од своите соиграчи!

Дерби

10/07/2026

11:06

319

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо неславно го заврши и својот рекорден шести мундијал во кариерата, а со тоа и официјално стави крај на патувањата на светските првенства.

Самиот португалски капитен потврди дека натпреварот со Шпанија значи одјава за него од мундијалите, па иако дополнително ќе носи одлука за тоа дали е време да се повлече од репрезентацијата, во моментов најактулна тема е онаа поврзана за елиминацијата од турнирот во САД, Мексико и Канада.

Португалија важеше за еден од поголемите фаворити како селекција која има голем број ѕвезди во својот тим, но тимот на Мартинез изгледаше крајно немоќно на повеќе натпревари на мундијалот, а така беше и против Шпанија.

Роналдо постигна три гола на Светското првенство и тоа се покажа како недоволно да се оди подалеку од осминафиналната фаза, а според легендарниот Јури Џоркаеф, тоа е така поради внатрешниот бојкот кој го имало во португалскиот тим.

Славниот Французин верува дека добар дел од соиграчите не играле за Роналдо на овој турнир, па него не му е чудно тоа што ова патување одново заврши со неуспех за Португалците.

– Ако земеш играч како Кристијано Роналдо за еден турнир, тимот мора да игра за него. На ова Светско првенство, ние го гледавме сосема спротивното. Можеше да се забележи дека Роналдо е бојкотиран од сопствените соиграчи. Не му делеа асистенции, не го бараа на теренот и не му овозможија да се најде во доволно шанси за гол.

– Сите го знаеме вистинскиот Кристијано, но кога веќе добива шанса на оваа возраст во кариерата, мора да го конструирате тимот да игра за него. Тоа не беше случај и можеше да се забележи во повеќе ситуации, – изјави Џоркаеф.