Руди Гарсија: Сите нè доживуваат како елиминиран тим, но…

Дерби

10/07/2026

13:10

249

Големина на фонт

а а а

Белгија на Руди Гарсија беше на работ од бездната и пред елиминација во 1/16 финалната рунда против Сенегал кога до самата завршница губеше со 2:0, но чудесниот пресврт против Африканците направи „црвените ѓаволи“ да добијат на самодоверба и да измаршираат до четвртфиналето.

Белгијците и одржаа фудбалска лекција на Америка во осминафиналната рунда и славеа со убедливи 4:1, па иако малку кој ги гледаше како екипа која може да дојде до најдобрите осум, реалноста вели дека избраниците на Руди Гарсија вечерва ќе го предизвикаат европскиот шампион.

Во пресрет на дуелот кој се игра вечерва во 21:00 часот, Белгија е таа која нема што да загуби на оваа пресметка, па токму аутсајдерите доста често знаат и да профитираат од таквите најави.

– Секој меч е приказна за себе, а нас сега ни следи натпревар против еден од фаворитите за титулата, тим кој е исполнет со неверојатни индивидуалци, без оглед на тоа што нивниот најголем квалитет е тимската игра.

– Поразлично од обично е тоа што овој шпански тим изгледа посолиден во одбрана од било кој друг претходно. Ќе направиме се за да ги загрозиме и да постигнеме гол, сакаме да се почувствува нашето присуство на теренот, не сакаме да бидеме само статисти и да чекаме. Имаме добар тим, верувам во моите играчи. Статистиката вели дека го имаме вториот најдобар напад на турнирот и мислам дека сме тимот кој има испратено најмногу удари кон противничкиот гол пред четвртфиналињата. Сите не доживуваат како елиминиран тим, но ние имаме голема верба во тоа што го правиме и веруваме во нашите шанси, – изјави Гарсија.