Далиќ се одјави од Хрватска со само еден збор на социјалните мрежи

Дерби

09/07/2026

11:49

267

Големина на фонт

а а а

Златко Далиќ по враќањето од САД имаше обврска да одработи преговори со водечките луѓе на хрватскиот фудбал, но после краток состанок кој се одржа вчера наутро, беше одлучено да се стави крај на едно незаборавно дружење.

Далиќ го наследи Анте Чачиќ во 2017-та година и после цели девет години си заминува како најуспешен селектор во историјата на хрватската репрезентација, бидјеќи на два од трите одиграни мундијали успеа да донесе медали за малата балканска земја.

Под водство на Златко, Хрватска играше во големото финале во 2018-та година и го освои сребрениот медал, а четири години подоцна стигна до бронзата во Катар.

Во овој изминат период, Далиќ мораше да премостува многу препреки кои му се најдоа на патот и секогаш ги замолкнуваше критичарите, но после елиминацијата од Португалија во 1/16 финалната фаза на актуелниот мундијал, ХНС и Златко си подадоа рака за разделба.

Хрватскиот фудбалски сојуз вчера му се заблагодари на човекот кој испиша нова страница во историјата, а Далиќ се јави на социјалните мрежи само со еден збор.

– Благодарам.